Стипендии од 100 евра месечно за студентите на археологија, историја на уметност, етнологија…

Стипендии од 100 евра месечно во академската 2022/23 година ќе добијат студентите што ќе одлучат да студираат историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, соопшти Министерството за образование и наука. Стипендии се предвидени и за студенти запишани на прв циклус на јавните и приватните високообразовни институции на студиските програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик).

– Висината на двата вида стипендии ќе изнесува 6.050 денари месечно, а право на аплицирање имаат студентите кои постигнале особено висок успех во учењето од првата до тековно запишаната студиска година со најмалку 7,50 просечен успех. Новите категории на стипендии се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области – велат од МОН.

Сподели