Наредени во долга редица стотици матуранти вчера чекаа да предадат документи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзиттеот „Св. Кирил и Методиј“. На овј факултет традиционално во последните години има голем интерес за студирање. На најстариот универзитет во Македонија вчера и денеска се уписите за академската 2022/23 година. Според пропозициите УКИМ годинава ќе прими вкупно 10.918 студенти. Од нив 5.306 ќе се запишат во редивната квота, 4.522 ќе се запишат со школарина, а 1.090 како вонредни студенти. Прелиминарната листа на примени студенти ќе биде објавена в петок, а конечните резултати на 7 септември.
Повеќе информации за квотите на конкурсот на УКИМ и за вториот и третиот уписен рок на линкот.
Насловна фотографија: ФИНКИ





