Легендарната музичарка Невена Кочовска денеска почина на 81-годишна возраст. Таа беше вокалистка на ,,Мањифико”, еден од најпопуларните ансамбли кај нас. ,,Мањифико” беше познат по обработките на латино-американските хитови, но и староградски македонски песни. Гостуваа во многу земји, снимија голем број албуми, а нивните изданија се продаваа во сребрен или златен тираж. Ансамблот имаше кариера што траеше цели три децении, сè до 1990 година.
Во последните години таа боледуваше од Алцхајмерова болест. Во 2017 година последен пат настапија заедно со своите ќерки Тања и Лидија Кочовски, кога добија награда за животно дело на манифестацијата ,,Златна бубамара”.





