Бајалџиев беше посебно почитуван и сакан професор од студентите на Правниот факултет, а во периодот од септември 1992 до декември 1994 година беше и министер за образование и наука
На 78 години вчера почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, на Катедрата за воведни и теоретски правни науки. Проф. д-р Димитар Бајалџиев (1944-2022) беше и министер за образование и наука од септември 1992 до декември 1994 година, поранешен декан на Правниот факултет и член на Деканатската управа.
– Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и особено ценет пријател – објави Правниот факултет.
Димитар Бајалџиев е роден во 1944 година во Лугунци, Воденско, Грција. Во 1969 година започнал со работа на Правниот факултет како асистент. Во 1977 година го одбранил магистерскиот труд на тема „Важноста на нормите во јавниот живот на луѓето“. Во 1978 година бил избран за предавател, во 1985 година – за доцент, во 1990 година – за прекувремен професор, а во 1995 година – за редовен професор. Во 1985 година докторирал во Скопје.
Погребот ќе биде извршен утре на Градските гробишта во Бутел од 13 часот.





