Еволуцијата на љубовта

Љубовта може да се искаже на повеќе начини, но она што го чувствуваме, не може да се опише. Многу е тешко.

Пишува: Бериника Арслани, средношколка

Според вас, како можат да бидат заедно две личности од два различна света?
– По пат на случајности?
– Секако дека не… затоа што случајност не постои… особено кога е во прашање љубовта.
Зборот љубов има повеќе значења.
На пример, љубов кон семејството, љубов кон таткото, кон домашното милениче, природата, љубов кон уметноста…
Но, знаете ли јас за која љубов ви зборувам?
За онаа која се појавува во неочекуван момент, која се вгнездува во срцата на двајца млади, онаа љубов која прави да имаме „пеперутки“ во стомакот…
Кога ќе ја видиме личноста, како да ни треперат усните, кога ќе му го слушнеме гласот, срцето брзо ни чука, како да ќе ни излезе од градите.
Ете тој момент, знае да биде како сон. Затоа што да се биде заљубен воопшто не е лесно, а уште потешко е да се разбудиш од тој „сон“.
Љубовта како да ти нуди можност да бидеш во најубавата бајка.
Ти овозможува да се чувствуваш како принцеза, а личноста во која си заљубена, ја гледаш како принц, исто како во бајките.
Љубовта може да се искаже на повеќе начини, но она што го чувствуваме, не може да се опише. Многу е тешко.
Велат дека „да се сака не е срамота, напротив, убаво е“.
Знаете зошто?
Затоа што најубавото, најсилното, најголемото нешто што ќе го искусите во животот е љубовта.
– Според вас, дали животот е долг?
– Најдобро е да кажеме дека не е.
На почетокот, кога ќе се заљубите, и вашите родители ќе разберат за тоа, во вас ќе се појави мала доза на „срам“.
Но, подоцна, кога ќе дојде моментот да ве запроси, ќе сфатите дека е дојдено време да си заминете од домот на родителите и ќе се уверите дека тој е вашиот принц од вашата бајка. Тоа е многу возбудливо.
Подоцна, ќе дојде најубавиот дел од приказната, кога ќе имате деца, на кој ќе им го раскажувате животот полн со љубов.
Потоа ќе остарете.
И заедно ќе се сеќавате на убавите моменти од младоста исполнети со љубов и разбирање. Дека заедно сте успеале да напишете цел роман. Дека вашата љубов успеала.
Всушност, тоа е љубовта (да се сака, да се биде сакан, до бесконечно).
Заљубете се. Знајте си ја вредноста еден на друг. Затоа што ова чувство е навистина убаво. Најубавиот мирис.

Сподели