Поетско читање во Гевгелија – ДПМ одбележува 75 години

Друштвото на писателите на Македонија одбележува 75 години од основањето вечерва во 20 часот на платото пред градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија. Прво ќе има излагање за историјатот на ДПМ, за актуелните предизвици и работни активности на Друштвото, а потоа поезија ќе читаат повеќе членови на писателската асоцијација. Пред присутните ќе се обратат директорот на библиотеката Стефан Марковски и членови на претседателството и на Друштвото.

Настанот го организира гевгелиската библиотека, во рамките на манифестацијата „Гевгелиско културно лето 2022“ под покровителство на Општина Гевгелија.

Насловна фотографија: Wikidata

Сподели