На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид во тек се конкурсите за запишување на студенти на прв и на втор циклус студии во академската 2022/2023 година. Според повикот, бруцоши во наредната академска година на овој универзитет може да станат вкупно 440 студенти. Од нив 80 може да се запишат на Компјутерски науки и инженерство, распоредени според квотите и избраните години за студирање. На Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност може да се пријават најмногу 80 студенти. На Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелегенција и роботика се предвидени места за 120 студенти, а по 80 ќе може да се запишат на Факултетото за информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника и на Факултетот за информатички и комуникациски науки.
За втор циклус на студии отворени се места за 30 студенти за едногодишни, односно 25 студенти за двегодишни студии на на Студиската програма по Информатички науки и технологии на Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност. Вкупно 20 студенти може да се запишат на Студиска програма по информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на податоци на Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика.
На линкот повеќе информации за првиот циклус на студии, а на овој линк за вториот циклус.





