„Арс Ламина“ ја објави „Малибу во пламен“ – книга на годината според „Гудридс“

Од авторката на бестселерите „Седумте мажи на Евелин Хуго“ и „Дејзи Џонс енд Д сикс“, Тејлор Џенкинс Рејд, неодамна од печат излезе новиот роман „Малибу во пламен“. Трите книги се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk.

Книгата на годината според „Гудридс“ -„Малибу во пламен“, која оригинално беше објавена лани, за кратко време стана бестселер на „Њујорк тајмс“, а доби позитивни рецензии од „Буклист“, „Паблишерс викли“, „Ајриш тајмс“, „Парејд“ и „Вашингтон пост“. Се најде на листата со најдобро книги според „Тајм“, „Поп шугар“, „Тин вог“ и „Вашингтон пост“. Ја освои наградата за најдобар роман со историска фикција за 2021 година на „Гудридс чојс авордс“. Стриминг-сервисот „Хулу“ ги откупи правата за снимање на мини-серија базирана на книгата, која може да се очекува наскоро.

Во „Малибу во пламен“ четворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш.

Приказната се случува во Малибу, во август 1983 година. Тоа е денот на годишната забава на Нина Рива по повод крајот на летото. Исчекувањето е трескавично. Сите сакаат да бидат во близина на познатите Рива: Нина, талентираната сурферка и супермодел; браќата Џеј и Хад, едниот шампион во сурфање, другиот признат фотограф; и нивната обожавана помала сестра Кит. Заедно, тие се извор на фасцинација во Малибу и во светот – особено како потомци на легендарниот пејач Мик Рива.

„Малибу во пламен“ е приказна за една незаборавна ноќ во животот на едно семејство: ноќ во која секој од нив треба да реши што ќе избере од луѓето кои ги создале… и што ќе остави зад себе.

Сподели