Актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Кармен ја доби наградата за најдобра актерка на
фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Албанија, додека наградата за најдобра машка улога ја доби Сашко Коцев, за „Не се клади на Енглези“.
Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобра режија на монодрамата „Кармен” која воедно е
прогласена и за најдобра претстава на фестивалот. Коцев ја доби наградата за улогата на Паун во копродукциската претстава која осум години го полни гледалиштето на Македонскиот народен театар.
На 15. издание на „Македонско културно лето“ што се одржа од 1 до 5 јули пред бројната публика од целиот регион на Пустец настапија неколку македонски професионални театри, како и хорот „Св.Злата Мегленска“ од Скопје.





