Како да се создаде успешна визуелна слатка 4U приказна

Како да се создаде успешна визуелна приказна – ова беше прашањето што го отворија и разработија едукаторите од Центарот за визуeлна комуникација „Ефектива“ и брендот 4U, вчера во Едукативниот центар М. Идни графички дизајнери, професионалци и заинтересирани за визуелната комуникација, воопшто, беа желни да ги слушнат и научат тајните на доброто визуелно раскажување, за што зборува 10-годишното искуство на тимот на „Ефектива“. Тие работеа на темата „Слатки приказни 4U“ и самите практично можеа да развијат своја визеулна приказна.

Идејата за бесплатната работилница е поинаков пристап во неформалната едукација на млади, но и повозрасни луѓе, кои имаат желба за постојан личен и професионален развој.

– Како општествено одговорна компанија се трудиме секогаш да најдеме нови и иновативни начини за да влијаеме на доброто на заедницата. Овој пат, со радост ја прифативме иницијативата на „Ефектива“ за поддршка на работилницата за визуелно раскажување приказни. Драго ни е што токму визуелниот идентитет на нашиот бренд 4U (кроасани и колачи) е пример преку кој учесниците размислуваа и ги истражуваа бескрајните можности на визуелната комуникација – вели Татјана Танева Новаковска, менаџер на „Жито Пром“ – Гевгелија.

Неформалната едукација е значаен сегмент од професионалниот развој на секој човек, а споделувањето на знаењето е можност за раст на едно општество. Токму затоа тимот на „Ефектива“ сака своето искуство да го пренесе и на помладите.

– Кога ги креираме стратегиите за брендовите за кои се грижиме, едукацијата е важен елемент во општествено-одговорните проекти. Започнуваме серија едукативни работилници од областа на маркетингот, зад кои како покровители ќе застанат токму компаниите со кои работиме. Целта е да можат учат и оние кои сакаат, а немаат финансиска можност. Нашите клиенти се храбри и ја имаме нивната поддршка во секој проект. Сепак, најважно во секоја приказна е да имате тим кој лудо верува во визијата на компанијата. За среќа, „Ефектива“ се движи во правецот што го посакувавме – вели Софија Семенпеева Трајановска, основач на агенцијата.
Во своето десетгодишно постоење „Ефектива“ има бројни успешно реализирани проекти, а во голем дел од нив, еден од главните постулати е токму уметноста.

Сподели