Да им дадеме елан на учениците конфликтите да ги решаваат со вербална, а не со физичка комуникација

Воспитанието и образованието се важни предуслови за градење здрави личности, кои решението на проблемите го наоѓаат по мирен пат. Токму вие како нивни наставници, покрај семејствата, играте важна улога во трасирањето и издигнувањето на учениците, кои во иднина секој конфликт треба да го решат со вербална, а не со физичка комуникација – ова го истакна заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу, на втората мировна средба, што ја организираше Првата детска амбасада „Меѓаши“.

– Понекогаш не е доволно само да се преземат педагошки мерки за учениците кои мирното решавање на проблемот, го замениле со насилство, туку треба да се примени и психологијата и да почнеме да размислуваме и малку поинаку. Со овие обуки, очекуваме да имаме сè помалку насилство во училиштето, но и надвор од него, да им дадаме како наставници елан на младите дека за секој проблем, има и решение, ако истото го бараме по мирен пат – рече Алиу, додавајќи дека заедничка обврска е да се превенира, да се преземе акција уште на самиот почеток, пред да се соочиме со немили сцени во училиштата.

Мирното решавање на конфликтите, додаде тој е предуслов за развој на здрава средина во која сите учесници во образовниот систем ќе соработуваат без оглед на нивната социјална или етничка припадност.

Сподели