Проф. д-р Дејан Мираковски е новиот ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Тој доаѓа на местото на академик Блажо Боев кој раководеше со УГД во два мандата. Мандатот на Мираковски трае три години со можност за уште еден реизбор.
Мираковски досега беше проректор за развој, инвестиции и одржување на УГД и професор на Техничко-технолошкиот факултет. За нов ректор на УГД имаше шест кандидати.





