За читањето и книгите: Со кого да го споделам искуството од прочитаното дело?

Повеќе од десет години сакав да го направам свој канал каде што ќе си го кажам својот став кога ќе прочитам некоја книга. Со пандемијата се отвори таа шанса. Останавме дома и наеднаш имав повеќе време за читање. Кругот на луѓе со кои можев да зборувам за книжевсноста се намали уште повеќе и си реков, сега е време да го отворам својот блог, вели Наташа Атанасова, книжевник, блогер (Блен.мк), човек што сака да чита добри книги и литература.

Таа беше гостинка во рубриката „Книжевни разговори со Читачот“, на Александар Маџаровски, а се одржа во Europe House Skopje. Во неформален, опуштен разговор тие начнаа повеќе прашања за читањето, литературата, пласманот, секојдневието – со кого да го споделам искуството од прочитаното дело.

Сподели