Куп меѓународни медали освоија учениците од музичкото училиште „Васо Карајанов“ од Гевгелија

Меѓународни и национални медали освоија учениците од музичкото училиште „Васо Карајанов“ од Гевгелија. На Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер на млади музичари „Сергеј Михајлов” кој се одржува од 10 до 14 мај 2021 во Штип, први награди освоија учениците Благоја Стоев, на пијано во класата на проф. Александар Лазаров и Ана Димитрова, на флејта во класата на Сузана Стефанова.

Дарија Димитрова

На вториот меѓународен натпревар ЗПМ Полихимнија, Благоја Стоев освои прва награда и продолжува во втората етапа, што подразбира настап во Музејот на македонската борба. Награди освоија: пијанистите Вангел Марков (прва награда), Јована Дупарова (трета), виолинистите Дарија Димитрова, (прва награда, класа проф.Соња Панова), Јана Димитрова (втора награда), Матеа Тунџева – втора награда (класа проф.Маја Зафирова), Викторија Каракабакова – трета награда.
На Меѓународниот фестивал ,, АРТ ин” годинава се претставија 21 ученик од ова училиште во категориите: балет, виолина и пијано.

Ана Димитрова

Од учениците во класата по балет на проф. Виолета Чокова, награди освоија: Ангела Дуганова, Јана Димитрова, Георгина Улиш, Билјана Поп-Димитрова, прва награда, Надица Николовска, Босилка Стојанова и Ана Станковиќ – трета награда.
Од учениците во класата по виолина на проф. Соња Панова, награди освоија: Дарија Димитрова, Рената Цуклева, Наталија Ѓуровска, Јана Димитробва, прва награда, Љубица Мицева и Филип Трајков – втора награда.

Викторија Каракабакова

Од учениците во класата на проф. Владо Сапламаев, наградени ученици се: Хана Малевска (прва), Александра Полизоева и Илија Димов, Филип Темелковски, Јована Мазнова и Лана Трајкова – трета награда.

Од учениците по пијано во класата на проф. Александар Лазаров, први места освоија Благоја Стоев и Јована Дупарова.

Лана Трајкова

 

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели