„Вера сонува за морето“ ја освои наградата „Ингмар Бергман“ на фестивалот во Гетеборг

Филмот „Вера сонува за морето“ ја освои меѓународната награда „Ингмар Бергман“ на Филмскиот фестивал во Гетеборг, Шведска, кој завршува денес. Филмот кој е долгометражно деби на режисерката Калтрина Красниќи од Косово, е копродукција помеѓу Косово, Албанија и Македонија.

– Нурнавме во вешто создаден дебитантски игран филм каде што секоја сцена нè носи што подлабоко во борбите на хероината кои го зграпчуваат вашето внимание, додека ги поместува границите на зацементираните патријархални традиции. Преку софистицирана меѓуигра помеѓу членовите на фамилијата, оваа режисерка постигнува потресен и возбудлив портрет на задушувачко општество и храброста што треба да ја имате за да направите да бидете слушнати – стои во образложението на жирито.

Ова не е прва меѓународна награда за „Вера сонува за морето“. Светската премиера ја имаше на Венецискиот филмски фестивал во септември минатата година. Македонски продуцент е Огнен Антов.

Фотографии: Филмски фестивал Гетеборг

 

 

Сподели