Последната епизода од емисијата „Агенда 21“ е закажана за вечерва во 20 часот на телевизијата „Телма“. Темата на оваа емисија ќе биде ефектот на батериите врз животната средина и потребата од нивно селектирање и рециклирање. Поддршка на оваа емисија даде и хрватскиот актер Тарик Филиповиќ.
Во последните два месеца водителите на шоуто – актерите Весна Петрушевска и Игор Џамбазов, беа придружувани од младите актери Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова. Тие на интересен и забавен начин презентираа факти, разменуваат мислења за најгорливите еколошки теми и заеднички трагаат по соодветни решенија за ублажување на климатските промени, глобалното затоплување и уништувањето на природата.
Идејата на шоуто е да ги едуцира гледачите за актуелната состојба со животната средина во Македонија и за опасностите од глобалните климатски промени и да даде насоки како секој поединечно може да повеќе да се грижи за природата, што може да сторат институциите и компаниите.





