Поетско читање во чест на Блаже Конески

Во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска во 11 часот ќе се одржи поетско читање посветено на великанот на македонската книжевност, Блаже Конески. Под наслов „Златоврв“ на средбата ќе настапат: Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Кристина Николовска, Иван Џепароски, Билјана Станковска, Љубинка Донева, Виолета Танчева-Златева, Славчо Ковилоски, Марина Мијаковска и Соња Стојменска-Елзесер.

Читањето е дел од заедничкиот настан што го организираат НУБ, Друштвото на писателите на Македонија и Фондацијата „Небрегово“ како сегмент од програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето“, под под покровителство на Претседателот и со поддршка на Владата.

Сподели