Со промоција и уметнички филм завршува месецот посветен на Димитар Стојчевски

Со промоција на публикацијата „Магнет, од увото до окото и назад“ и проекција на краток уметнички филм од младата кривопаланечка кураторка Кирила Цветковска вечерва во 19 часот, во Општина Крива Паланка ќе заврши „Ноември – месец посветен на Димитар Стојчевски, првиот академски сликар од Крива Паланка“. И двете дела се инспирирани од делото и личноста на Стојчевски и неговата животна мисла и филозофија.

Во текот на цел месец со изложби, промоции се чествуваше неговото дело.
– Сликарот Стојчевски остави големи траги на македонската ликовна сцена. За жал, неговото творештво не беше праведно валоризирано – велат организаторите.

Проектот го реализира Градскиот музеј од Крива Паланка, со поддршка од општината и од Министерството за култура.

Сподели