Во невообичеана атмосфера, прилагодена за да биде безбедна, рано утрово по македонско време се одржа церемонијата на доделување на 93. филмски награди „Оскар“. Првпат во историјата на светската филмска награда, тие се одржуваа со пренос од неколку локации, меѓу кои и театарот „Долби“ каде во нормални услови се собираа и повеќе од 3.000 филмски уметници. Познати актери се вклучија во доделувањето и сепак дадоа шмек на најгледаните филмски награди во светот.

Уметници од цел свет креираа постери за Оскарите (автор: Крислим Чин)
Црвениот тепих пред театарот „Долби“ годинава не беше местото каде се случуваше најголемата возбуда за да се види кој ќе учествува и кој како ќе се појави на Оскарите. Номинирани филмски автори од повеќе земји се вклучија од своите земји.
Филмот „Земја на номадите“ беше прогласен за најдобар, а Клои Жао – за најдобра режисерка. Таа стана втора режисерка во историјата на Оскарите што ја доби златната статуетка – по Кетрин Бигалоу во 2009 година за „Шкафче на болката“.
Актерот Ентони Хопкинс доби „Оскар“ за главната улога во „Татко“, а Френсис Мекдормaнд – за „Земја на номадите“. За Хопкинс ова е втор Оскар по 29 години, кога ја доби наградата за легендардната улога на Ханибал Лектер (1991).

Френсис Мекдорманд (фото: Sony Pictures Classic)
Ова се наградените со „Оскар“ за:
Адаптирано сценарио – „Надежна млада жена“ на Емералд Фенел (Promising Young Woman)
Оригинално сценарио – „Татко“ (The Father)
Интернационален филм – „Уште една тура“ (Another round)
Актер во споредна улога – Даниел Калуја за „Јуда и црниот Месија“ (Judas and the Black Messiah)
Актерка во споредна улога – Ју Џунг Јун за „Минари“ (Minari)
Шминка и фризура – „Црната позадина на Ма Рејни“ (Ma Rainey’s Black Bottom)
Костимографија – „Црната позадина на Ма Рејни“
Режија – Клои Жао „Земја на номадите“ (Nomadland)
Звук и филмска монтажа – „Звук на металот“ (Sound of metal)
Краток игран филм – „Двајца одалечени странци“ (Two Distant Strangers)
Краток анимиран филм – „Те сакам, и покрај се“
Долгометражен анимиран филм – „Душа“ (Soul)
Музика – „Душа“ (Soul)
Краткометражен документарец – „Колет“
Долгометражен документарец – „Мојот учител октопод“ (My Octopus Teacher)
Најдобри специјални ефекти – „Тенет“
Сценографија – „Манк“
Филмска фотографија – „Манк“
Најдобра песна – Fight for you на H.E.R (од филмот „Јуда и црниот Месија“)
Ова беше најдолгата и најневообичаена сезона во поновата историја на доделувањето на наградите на Американската филмска академија. Сценариото беше замислено како филм, а добитниците на статуетките не беа ограничени во времето за говор по добивањето на Оскарите. „Нетфликс“ имаше дури 36 номинации за свои филмови. Биографската драма „Манк“ посветена на писетелот Херман Манкиевич, сценаристот на култниот „Граѓанинот Кејн“, имаше дури 10 номинации.
Годинава првпат во историјата, две жени беа номинирани за режија: Клое Жао за „Земја на номади“ и Емералд Фенел за „Надежна млада жена“.
Насловна фотографија: Sean Gleason/Sony Pictures Classics





