Грантови до 30.000 денари за 95 училишта

Грантови до 30.000 денари и добијат 70 основни и 25 средни училишта што придонесуваат за равој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата, соопшти Министерството за образование и наука. Активностите може да се реализираат самостојно во училишта каде наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште. Селекцијата ќе ја врши Комисија за вреднување на пристигнатите апликации во согласност со одредените критериуми.

Проектите треба да промовираат добри практики за активности во кои се негуваат хармонични односи втемелени на почитување на разликите, градејќи мултиетничко и мултикултурно општество.

– Со тоа ќе се овозможи градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент – велат од МОН.

Пријавувањето трае до 3 декември. Јавниот повик е поставен на MC Forms и потребно е училиштата да бидат најавени со официјалните кориснички сметки на @schools.mk. Повеќе се повикот ТУКА.

 

Сподели