50.000 посетители на „Зимска приказна“ во Битола

Повеќе од 150 настани, 400 часа програма и околу 50.000 посетители присуствуваа на „Зимска приказна“ во Битола, манифестација што ги обедини традицијата, креативноста и заедништвото. Битола 18 дена беше место за празнична магија.

Од лизгалиштето на плоштадот Магнолија што потсети на европските метрополи, до дисперзираната програма во Старата чаршија, „Зимска приказна“ понуди содржини за сите вкусови и генерации. Возот „Мечо“, украсените киосци околу Офицерски дом со гастрономски специјалитети, празничниот плоштад со редица вечерни концерти, парадата на моторџиите Дедо Мразовци, искачувањето на врвот Пелистер на првото изгрејсонце во Новата година, беа само дел од тоа што се случуваше во Битола.

Градот не само што го славеше празничниот дух, туку директно придонесува за локалниот економски развој. Туристите од Грција и регионот, ја посетија Битола за да бидат дел од оваа магична приказна.

Манифестацијата ја организираше Општина Битола од каде порачаа дека приказната ќе продолжи.

default

Сподели