3Д реконструкција на старата џамија во селото Симница

За прв пат во Гостивар направена е 3Д реконструкција на културно добро, снимка со дрон и фото документација од јавен карактер. Станува збор за џамијата селото Симница. Идејата е резултат на десетгодишната работа со проблеми поврзани со културното наследство, археологот Даниел Ѓорѓевски и историчарот на уметност, Ерсин Дико.

– Кога станува збор за промоцијата на културното наследство, сè што е реализирани во рамки на културната дејност без промоција е залудно потрошено време. Зачувувањето, реконструкцијата и промоцијата на старините на Општина Гостивар се од клучно значење не само за развојот на културата, туку за целокупниот развој на заедницата – вели Ѓорѓевски.

Ваквиот модел на промоција и реконструкција ќе биде применет и за девет други културни добра во општината – четирите тврдини во селата Чајле, Горна Ѓоновица, Равен и Горна Бањица, старата архитектура во село Вруток, османлиската џамија во селото Равен, Саат кулата во централното градско подрачје.

Реконструкцијата е дел од проектот на платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар се реализира во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 ReLOaD2 финансирана од страна на Европската Унија (ЕУ) а ја реализира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Сподели