Повеќе од 3.000 првачиња во 50 училишта во шест општини во Македонија на првиот училиштен ден добија пакетче училиштен прибор и Бонтон за деца. „Среќно прваче“ втора година по ред се спроведува со поддршка на Халкбанк АД Скопје и нивниот симбол на детското штедење, Халки. Целта на активноста е првачињата преку илустриран бонтон, прилагоден за нивна возраст, да ги научат основните правила за добро однесување на училиште.
Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје ги поздрави првачињата во основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Скопје, а заедно со претседателот Стево Пендаровски беше гостин и во школото „Кирил и Методиј“ во Центар. Според Суџубаши, децата и нивното (не)формално образование, инклузијата и екологијата се столбови на нианата политика за општествена одговорност.

– Особено сме среќни што нашиот Халки им посака среќен почеток на првачињата. Едукацијата за добро однесување на училиште преку илустриран бонтон ќе им помогне на улениците полесно да се прилагодат на новата средина, која отсега ќе им биде втор дом. Втора година по ред го поддржуваме проектот „Среќно прваче“, бидејќи веруваме дека децата и нивниот правилен развој се клучни за иднината на заедницата во која сите живееме – рече Суџубаши.
Благодарност за целата иницијатива упатија градоначалникот Општина Карпош, Стевче Јакимовски и градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов.

„Среќно прваче“ се спроведува во шест општини низ целата земја и како едукација на непосреден и креативен начин. Бонтонот за деца содржи интересни и корисни совети како треба да се однесуваат учениците со своите другари на училиште, како да се грижат за инвентарот, за училишниот двор, за личната и заедничката хигиена. Изданието е збогатено со илустрации со слончето Халки, симболот на детското штедење на Халкбанк АД Скопје. Халки е поддржувач на здравите и убави навики кај најмладите, како подигнувањето на еколошката свест, читањето книги, развивањето различи таленти и креативност, инклузијата и прифаќањето, ги промовира своите вистински идоли, односно талентираните деца од нашата земја кои во различни области постигнуваат светски успеси. Преку „Сликовницата на Халки“ ги поддржува децата од СОС Детското село, бидејќи целата сума од продажбата на ова издание е наменета токму за нив.





