15 средношколци ќе учат бесплатно за 3Д моделирање и печатење

СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации, поддржана и финансирана од градот Скопје организира работилница за 3Д моделирање и печатење. На 15 мотивирани и љубопитни средношколци од Скопје им се нуди  можност во тек на еднодневна работилница да ги научат основите, како и дел од креативните и техничките вештини што се кријат зад уметноста на 3Д-светот.
Во текот на самата работилница ќе се запознаеме со следниве теми: Вовед и преглед – Преглед на тематиката, како функционира 3Д принтерот и 3Д принтањето, па се до визуелен приказ на принтер.
3Д моделирање – запознавање со компјутерски програми со кои се изработуваат три-димензионални модели и нивна употреба за визуализирање на ваши едноставни 3Д идеи. 3Д печатење – запознавање и работа со 3Д принтер и изработка на готов печатен 3Д производ по даден пример. Работилницата ќе се одржи на 13 ноември во амфитеатар на Факултетот за информатички науки и информатичко инженерство, во 10 часот и ќе трае 4 часа.

Предавач на работилницата ќе бидe врвниот експерт на М3ДС академијата Флорина Џингова, која воедно е и генерален менаџер и водечки инструктор во М3ДС Академија за визуелни уметности.

Апликациската форма за целиот настан е достапна на следниот линк. Настанот е отворен за сите средношколци од град Скопје, без разлика на нивната возраст, а учеството е целосно бесплатно. Селектираните 15 учесници ќе бидат избрани според нивната апликациска форма.

Работилницата е поддржана и финансирана од Град Скопје, а партнери во неговото реализирање се Академијата за визуелни уметности М3ДС и ФИНКИ.

Сподели