128 епиграфски споменици од Плаошник во монографија

Од печат излезе монографијата „Епиграфски споменици од Плаошник-Охрид“ од авторките Славица Бабамова и Калина Кузман–Додевска, во издание на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид. Во богато илустрираната публикација се обработени вкупно 128 епиграфски споменици, откриени со долгогодишните археолошки истражувања на локалитетот Плаошник. Дополнителни 13 споменици кои се откриени на други локации во Охрид (Горна порта, Самуилова тврдина итн.) се вклучени во монографијата за да се добие целосната слика за епиграфските споменици од античкиот Лихнид.

Сподели