1.000 книги на три библиотеки во Македонија донира издавачката куќа ТРИ

Вкупно 1.000 книги подари издавачката куќа ТРИ на три библиотеки во Македонија. Повод за донацијата е 1.000-то издание на куќата. Со одлични наслови се подновија Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија.

– Донацијата ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат читани, а ќе ја зацврсти и врската меѓу книгите и читателите. Станува збор за дела од домашната и од светската литература, книги од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела. За ТРИ, 1.000 самостојни изданија значат 1.000 квалитетни книги од домашни автори, преводи од многу современи автори и класици, наслови од сите жанрови. За ТРИ оваа донација значи продолжување на мисијата книгите да го најдат својот дом – велат од издаваштвото.

Издавачки центар ТРИ е основан во 1999 година.

Сподели