„Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship” на улица Македонија

„Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship“ ќе се одржи од 16 до 18 мај на улица Македонија со почеток од 18.30 часот. Долж улица Македонија ќе бидат поставени десет различни приказни во кои улични живи статуи ќе одиграат актови кои симболизираат прекинати врски. Проектот го реализира „Театроск“ од Скопје. Дизајнот на плакат е на Златко Митрески.

– Убавината е толку силна што не можеш да ја искажеш со зборови. И токму заради тоа срцето те боли. Некои врски прекинуваат, ете така, сами од себе, молчешкум. Едноставно и просто – заминуваат. Всушност ние, луѓето ги прекинуваме, верувајќи во подобро за нас, кое, потоа и го бараме. И го наоѓаме. И тоа, подоброто го прекинуваме – за уште подобро од него. За најдоборото. И најдоброто го наоѓаме. По време минато крај најдоброто и во него се сомневаме, верувајќи дека и од него постои нешто уште подобро, нешто совршено. И тоа совршеното го наоѓаме. И него го прекинуваме. И така, низ животот ги прекинуваме врските и постојано се впуштаме во потрага по нови, подобри и од самото совршенство, а всушност сè во што посотојано се наоѓаме е прекин кој има за цел, потрага – велат организаторите.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, а го помагаат: Винарска визба Тиквеш, АМСМ, Општина Центар, Секјурисат обезбедување, Пасворд продукција и Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Сподели