ВИ-ЕТИКА

ВОДИЧ: ЕТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА УМНО.МК

Преамбула: Етички принципи за користење на ВИ на Умно.мк

Во Умно.мк, во користењето на вештачка интелигенција (ВИ) се водиме според јасни етички принципи за поддршка на одговорното новинарство. Сите процеси поврзани или создадени со помош на ВИ ги почитуваат следниве принципи:

– Вистинитост и точност: ВИ никогаш не се користи како извор за информација; сите резултати се проверуваат и одобруваат од страна на луѓе-уредници.
– Транспарентност: Секоја содржина создадена со ВИ е јасно означена и објаснета за публиката.
– Одговорност: Уредниците го задржуваат целосниот надзор врз уредувачките одлуки и финалните содржини објавени на Умно.мк.
– Приватност и безбедност на податоци: Доверливи, лични или необјавени заштитетни податоци никогаш не треба да се внесуваат во ВИ системите.

Вештачка интелигенција (ВИ)

„Систем за вештачка интелигенција“ се однесува на кој било алгоритамски систем или комбинација на такви системи кои користат компјутерски методи изведени од статистика или други математички техники и кои генерираат текст, звук, слика или друга содржина или пак помагаат или ја заменуваат човечката одлука. Вештачката интелигенција (ВИ) се однесува на способноста на компјутерите или машините да имитираат човечко однесување и процеси на размислување. Генеративната ВИ е потполе кое користи алгоритми и модели способни самостојно да создаваат текстови, слики, видеа или други содржини што наликуваат на оние создадени од луѓето.

„Новинарски систем за вештачка интелигенција“ се однесува на ВИ-систем, директно поврзан со бизнисот или практиката на редовно производство на информации за современи настани од јавен интерес и значење, вклучувајќи истражувачки задачи кои ја поддржуваат новинарската продукција. Ова вклучува, но не се ограничува на големи јазични модели и генеративна ВИ кога се користат за новинарски цели или во медиумски организации. Новинарските ВИ-системи не се една технологија, туку сет различни, често поврзани алатки за автоматизација на специфични задачи.

Уредувачкиот тим на Умно.мк секогаш ја третира ВИ како алатка, а никогаш како извор. ВИ се користи за оптимизација или повторна употреба на содржини веќе создадени од новинари, како и за истражување или превод на содржини. Повеќето комерцијално достапни ВИ-алатки во моментот не се целосно траспарентни, па затоа внимаваме што внесуваме во системите. Прашањата и содржинуте споделени со ВИ не содржат доверливи лични или корпоративни податоци.

Користење на ВИ во секојдневниот уредувачки живот

Во контекст на новинарството, корисници на ВИ обично се медиумските организации и лицата што работат за нив. Провајдери на ВИ технологии се обично технолошки компании или индивидуални програмери, а доколку медиумските организации самите развиваат ВИ-системи, тие исто така се технолошки провајдери. За потребите на овој водич, корисно е да се дефинира и „публиката на ВИ“ како специфичен поткатегорија на субјекти на ВИ кои се изложени на резултатите од новинарските ВИ-системи.

Како Умно.мк ја користи ВИ? Одговорите се поделени по различни форми на содржини. Во моментов е невозможно точно да се предвиди како и колку брзо ќе се развива ВИ. Овие насоки ќе се надополнуваат и ажурираат навремено со секоја поголема промена. Генерално, имаме обврска редовно да ја информираме и едуцираме нашата публика за користењето на ВИ, за да ја зајакнеме довербата и разбирањето за нашата работа.

ВИ во текст

ВИ моментално има способност да формулира текстови со импресивно добар квалитет, стилски и содржински. Може да имитира различни форми, вклучувајќи и стил на индивидуални автори. Меѓутоа, Умно.мк создава свој поглед на светот и култивира свој стил. Затоа, целосно ВИ-генериран текст не е погоден за нас. Исто така, познато е дека генеративната ВИ може да „халуцира“, односно да создаде неточни содржини. Затоа, за непроверени информации нема место на Умно.мк.

Сепак, други алатки можат да ја зголемат ефикасноста и квалитетот, вклучувајќи транскрипција на интервјуа, превод на текстови, уредување, корекција и резимирање на статии, предлози за наслови, поднаслови или SEO наслови. ВАЖНО: Сите текстови кои доаѓаат во контакт со ВИ се прегледуваат и коригираат од човек.

Користење на ВИ во истражување и верификација

Има широк спектар алатки кои можат да помогнат во новинарското истражување и проверка на содржини. ПРАВИЛО: Потеклото на секое истражување мора да секогаш да може да се провери од новинарот. Ако е потребно, овој процес може да биде транспарентен и за публиката.

ВИ во фотографија

Умно.мк не објавува фото-реалистични слики генерирани со ВИ кои не се јасно препознатливи како измислени. Исклучоци се фотографии кои ја илустрираат можноста на генерација на слики со ВИ и тие се јасно означени (платформа, автор на промптот). Умно.мк никогаш не објавува портретни фотографии од луѓе кои не постојат, генерирани од ВИ.

ВИ во илустрации, графикони и колажи

Јасно препознатливите илустрации можат да се развиваат со помош на ВИ. ВИ не се користи за имитација на уметници. Илустрациите се јасно означени (платформа, автор на промптот).

ВИ во поткаст и аудио

Новинарската работа на авторите останува централна за продукција на поткасти. ВИ-софтвер може да се користи за позадинска музика, звук, транскрипција или уредување. Секое објавено содржина се проверува од човек.

ВИ во графики, анализа на податоци, програмирање

Кога е можно, Умно.мк создава автоматизирани графики и анализи. Секое графичко дело се проверува/коригира од новинар пред објавување. Методот и изворот на податоците се вообичаено транспарентни. ВИ-генерирани содржини не се објавуваат без проверен извор и методологија. ВИ помага во побрзо и поточно програмирање за визуелизација и анализа на податоци, со контрола на новинар или уредник.

ВИ во видео

Умно.мк не објавува ВИ-генерирани видеоформатри кои не се јасно препознатливи како измислени. Исклучоци се демонстративни модели за ВИ-генерација на филмови. ВИ може да се користи за 3D модели и анимирани графики, со контрола на видео уредник.

Одговорно користење на ВИ

– Заштита на податоци и безбедност: Се користат само објавени податоци; никогаш не се внесуваат чувствителни и доверливи материјали.
– Континуирано ажурирање: Насоките ќе се ревидираат редовно, најмалку еднаш годишно или при значајни промени во ВИ.
– Управување со грешки: ВИ-генерираните содржини се третираат како нацрт и секогаш се проверуваат од човек пред објавување.
– Етичка транспарентност: Сите ВИ-поддржани илустрации, слики, видеа и графики се јасно означени.
– Едукација на публиката: Читателите се информираат за користењето на ВИ за подобро разбирање и доверба.

Дистрибуција, курирање и публика

ВИ може да се користи и за избор на содржини. Алатките можат да предложат кои канали и наслови се соодветни за одредена содржина, и да бидат адаптирани/коригирани од човек. Каде што човек прави конечна одлука, означувањето не е потребно. Каде што процесот е автоматизиран, означувањето е задолжително.

Уредувачки тим на Умно.мк

Водичот е изработен со експертска поддршка во рамките на е-курсот „ВИ во редакциите: Етички пристап“ организиран од Фондацијата „Томсон“