„Трио Академико“ го отвора Фестивалот за современа музика во Штип

Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип вечерва во 19 часот ќе почне првото издание на Фестивалот за современа музика. Вечерва ќе настапи камерното „Трио Академико“ во состав Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет и Наташа Трбојевиќ – пијано. Тие ќе изведат дела од Евазен, Кавалини, Шмит, Сен-Санс и Јанковски.

Утревечер во 19 часот во „Безистен“ ќе настапат најдобрите студенти на Музичката академија кои ќе се претстават со дела од различни композитори и епохи. Фестивалот го организира Музичката академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Сподели