Отворен ден во училиштето Wings во Скопје: каде што искуството се претвора во научено!

Од 11 до 13 часот утре ќе бидат отворени вратите на новото Интернационално училиште и градинка WINGS – образовна заедница што се гради со јасна визија: каде што се внимава на целосниот раст и развој на децата. Во WINGS, учењето се одвива преку активна примена, истражување и поврзување со реалниот свет. Применуваме учење базирано на проекти (Project-Based Learning) – пристап во кој децата учат преку работа на автентични предизвици, со цел да развијат критичко размислување, креативност и соработка.

Паралелно, преку социјално-емоционално учење (SEL), ги поддржуваме нивниот емоционален развој, самосвест и способност за градење здрави односи. Со мали класови, обучен тим и модерен пристап, WINGS нуди континуирано образование – од градинка до средно – во поттикнувачка и безбедна средина.

-Овој отворен ден е можност за родителите да не запознаат лично, да го видат просторот и да слушнат повеќе за програмата што започнува од септември. Започнува нешто ново – а ние сме тука да ве пречекаме – велат од училиштето.

Сподели