Од печат излезе „Стилски синтези“ од Димитар Пандев

Од печат излезе книгата „Стилски синтези“ од Димитар Пандев, издание на „Матица македонска“. Книгата претставува обемен труд од областа на македонската стилистика во кој Пандев ја обработува теоријата за стилски синтези што ја има поставено Блаже Конески. Авторот ја разгледува од најмалку четири аспекти во одделни реферати и статии, објавени помеѓу 1958 и 1992 година, задржувајќи се врз придонесот на македонските преродбеници во оформувањето на македонскиот писмен јазик.

Станува збор за капитално дело во кое Пандев од стилистички аспект прецизно ги дефинира стилските синтези кои Конески ги разгледува од аспект на нивното место во историскиот развој на македонскиот писмен јазик и илустративно ги надополнува со примери што лично ги ексцерпира од богата ризница на македонското книжевно наследство.

Сподели