Младите во Македонија бараат повеќе начини да се поврзат со своите врсници

Младите од Северна Македонија ги поздравуваат можностите што им ги дава Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и со нетрпение очекуваат повеќе

На Ана Трпевска ѝ се допаѓаат работите што ги научила за време на размената на млади на која присуствувала и која била поддржана од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Таа сега е свесна за различните култури на Западен Балкан, но исто така и за многу заеднички нешта од регионот. Има дел од програмата што најмногу ѝ се допадна.
– Научив многу нови работи за моите врсници од Западен Балкан. Прво, научив многу за нивната култура. Пред овој проект, верував дека нашите култури се различни, но сега знам дека имаме многу заеднички нешта. Исто така, тие ги претставија своите традиционални јадења и да бидам искрена, тоа беше едне од моите омилени делови – вели Трпевска.

За Ирена Стрејкиќ, наставничка во средното училиште „Васил Антевски-Дрен“ во Скопје, клучен е меѓукултурниот дијалог меѓу врсниците во регионот. Стрејкиќ била една од 24-те наставници од Западен Балкан, обучена за меѓукултурен дијалог во регионот од страна на RYCO.
– Мирот е важен за Западен Балкан и може да го направи посакуваниот просперитет, што може да се постигне само со постојано присуство на меѓукултурен дијалог и со покажување на граѓаните од регионот дека сите сме еднакви и достојни за мир, спокојство и личен и национален просперитет – истакнува таа.

Кристијан Ангелески, член на Младински тим за ко-дизајн, бара повеќе начини за поврзување на младите од регионот.
– Она што го научив е дека постојат многу различни ставови за тоа како можеме да зборуваме за мир и како можеме да му пристапиме на мирот, особено во Западен Балкан и дека различни луѓе имаат различни сфаќања во врска со мирот. Навистина е одлична иницијатива некако да се најде начин да се поврзат овие врсници – подвлекува Ангелески.

Во текот на проектот „Поддршка на колективното лидерство на Западен Балкан за помирување“, финансиран од Фондот за градење мир на ООН и спроведен од RYCO и трите агенции на ООН – UNDP, UNFPA и UNICEF, беа организирани работилници за млади од различна етничка припадност насочени кон создавање можности за нив, за да ги идентификуваат заедничките приоритети за мир и безбедност и да влезат во конструктивен дијалог со нивните врсници од целиот регион. Покрај тоа, беа обезбедени мали грантови за младински активности за зајакнување на одржлива регионална соработка. Од март 2020 година, партнерите на RYCO и на ООН исто така се ангажирани со 24 наставници од регионот и развија алатки за зајакнување на меѓукултурниот дијалог во регионот. Конечно, проектот, исто така, обезбеди работилници за млади луѓе од регионот, за развој на капацитети на младински групи и основни организации за пристап и користење на ресурсите на RYCO за вклучување во активности за градење мир на Западен Балкан.

Во текот на мај, RYCO започна едномесечна кампања „YOUth Inspired by Peace”, чија цел е подигнување на свеста и зголемување на напорите за градење мир и помирување меѓу младите во Западен Балкан преку разни настани во кампањата. Во текот на целиот тек, кампањата е фокусирана на теми како што се едукација, прифаќање, разбирање и соработка за да се потенцира важноста на инвестирање во младите, релевантноста на нивните приказни и нивната моќ за промена.
Со работата на наставниците и учениците во првите редови, кампањата ги користи најдобрите практики на работа во градењето мир за трансформативни педагогии низ Западен Балкан преку училишно вмрежување како алатка за промовирање на регионален дијалог.
Кампањата исто така обезбедува активности за промоција преку интервјуа со наставници и студенти вклучени во проектните активности. Покрај тоа, шест училишта во етнички мешани градови низ регионот беа осветлени како симбол на премостување на постојните разлики меѓу младите.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели