Во Буковина, северниот дел од Романија, велигденската традиција на вапсување јајца е кренато на ниво на уметност. Филмаџијата Титус-Арманд Напирлика и продуцентската компанија „Џангл ин Перис“ ја претставиле фантастичната работа на Елена Крачунеску, сликарката на јајца. Документарецот е емитуван на National Geographic.
Крачунеску е една од дузината сликарки на јајца во малото село Чоканешти. Селските куќи се декорирани со флорални и геометриски мотиви кои жените ги пренесуваат и на велигденските јајца. Крачунеску користи стапче со железен врв. Со него го населува восочниот дизајн на чистото и суво јајце. Потоа го потопува јајцето во боја и го повторува процесот на сликање со восок и потопување во други бои за да се добие ефект на слоеви. Восокот се однесува како штит помеѓу секое бојосување, дозволувајќи му на јајцето да ја задржи бојата од претходното потопување. На крај, јајцето се става близу извор на топлина, восокот се топи, а јајцето станува уметничко дело.
Извор: National Geographic





