Многу наши автори, уметници, дизајнери веќе работат за познати светски брендови, па овој потег на „Божиновски“ треба да го следат и други домашни успешни компании, повеќе да вложат во промоција на домашните автори, да го искористат нивниот талент, знаење и да се создаде производ со кој сите ќе се гордееме и кој ќе биде на ниво на познатите светски брендови – вели Кардула.

Чест е да се соработува со ваков голем бренд како „Своч“. Посебна тежина дава моментот што ова е прва ваква соработка со уметник од нашата земја. Ме радува и тоа што овој проект доби убава завршница – вели уметникот Зоран Кардула, кој е првиот од Македонија што дизајнираше рачен часовник „Своч“. Оттаму оправдано е и што името на проектот е „Своч на кирилица“, а компанијата „Божиновски“, генерален застапник на овие часовници во земјава посебно се заложи.

Тие го избраа Кардула да биде првиот уметник што ќе создаде македонски дизајн за „Своч“. Со него разговараме за инспирацијата, за желбата да се даде свој печат на ваков светски бренд. Тој избра женски лик, кој е препознатлив за неговата уметнички печат. Симболично е што токму годинава „Божиновски“ одбележува 30 години постоење, исто колку и самостојна Македонија.

– Сакав она што ќе го понудам да биде препознатливо, односно да го отсликува она што го работам. Така што логично беше дизајнот да биде со еден лик од жените кои ги цртам и илустрирам и кои се одлично прифатени од мојата публика. Ете симболично е и поклопувањето на јубилеите кои најверојатно се повод за да започне овој проект – вели Кардула.

Тој објаснува дека имал целосна слобода од самиот почеток во тоа што сакал да го претстави на часовникот.

– Сакав таа да претставува силна жена, жена борец која се бори за своите права, достоинствена и со јаки доминантни бои. Така настана Дениција, сликата која ќе биде мотив на „Своч“- часовникот. Таа е насликана во црно-бело, како и сите мои ликови, облеката е црвена, а позадината е златна и дискретно потсетува на нашите национални бои. Името дојде спонтано како силно препознатлив лик од македонската поезија – вели уметникот.

Како се создаваше дизајнот за часовникот „Дениција“?

Кардула потенцира дека со гестот на „Божиновски“ се покажува дека и домашните автори може рамо до рамо со сите светски автори да се носат и да понудат одлични производи.

Зоран Кардула

– Ме радува и фактот дека и „Своч“ одлично реагираа на дизајнот што е уште една потврда на погоре кажаното. Голем број наши автори, уметници, дизајнери веќе работат за познати светски брендови, па овој потег на „Божиновски“ треба да го следат и други домашни успешни компании, повеќе да вложат во промоција на домашните автори да го искористат нивниот талент, знаење и да се создаде домашен производ со кој сите ќе се гордееме и кој ќе биде на ниво на познатите светски брендови – вели Кардула.

Кардула е само почеток на проектот кој треба да го отвори патот на креативците кон глобалниот бренд Swatch. „Божиновски“ планира да формира фондација во која ќе се слеваат средствата од продадените „Своч на кирилица“ и со нив ќе се финансираат ангажманите на идните македонски дизајнери.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.