Зоран Кардула ќе одржи работилница во Крушево во чест на големиот Мартиноски

Во Домот на културата „Наум Наумовски-Борче“ во Крушево денеска од 10 до 16 часот ќе се одржи работилница во чест од 118 години од раѓањето на Никола Мартиноски, доајенот на македонската современа уметност. Работилницата ќе ја држи Зоран Кардула, еден од нашите најистакнати графички дизајнери. Тој ќе им објасни на учесниците како да научат да ги илустрираат делата на големиот Мартиноски.

Никола Мртиноски е роден за време на Крушевската Република, на 18 август 1903 година. Завршил Академија за ликовни уметности во Букурешт во 1927 година. Студиите ги продолжил во Париз (1927-1928) на Академијата Гранд Шомиер и (1928-1929) на Академијата Рансон. Тој е еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје, а потоа директор на Уметничката галерија. Бил член на Друштвото на ликовните уметници, член на Републичкиот совет за култура, на Македонската академија на науките и уметностите.

Реализирал многу самостојни изложби во земјава и во странство. Добитник е на голем број награди. Неговите дела се наоѓаат во повеќе музеи и галерии во земјата во Галеријата „Никола Мартиноски“ во Крушево, во Националната галерија на Македонија (поранешна Уметничка галерија — Скопје), во Музејот на современата уметност и други. Починал во Скопје на 7 февруари 1973 година.

Работилницата ја организира невладината организација „Центар за хумани односи“ од Крушево.

Сподели