Златен медал освои Дамјан Давков, сребрен освои Алексиј Тасиќ, а бронзени – Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Бранко Јангеловски на 42. Балканска математичка олимпијада во Сараево која ќе заврши утре. На олимпијадата успешно се претстави и Андреј Тасиќ.
Тимот ја претставуваше Македонија во организација на Сојузот на математичарите на Македонија, под раководство на Мирко Петрушевски, водач на тимот и Блаже Суклевски, заменик-водач.
Нашите најдобри математичари се натпреваруваа со врсници од 10 земји од регионов и 13 земји-гости на натпреварот. На престижниот меѓународен собир на млади математички умови учествуваа 141 натпреварувачи, од 23 држави на три континенти.





