Владата го усвои учеството на Македонија на големата трилатерална изложба на археолошките предмети од 6 до 4 век пред новата ера од некрополата „Требениште“ кај Горенци, Охридско во Националниот археолошки институт со Музеј при Бугарската академија на науките во Софија. Изложбата требаше да биде отворена во јули, но датумеот беше поместен. Од нашата земја ќе бидат изложени околу 200 предмети од Заводот и музеј од Охрид, додека организацијата е на Археолошкиот музеј во Скопје.
Предметите откриена пред стотина години на Требенишката некропола, а се чуваат во Македонија, Србија и во Бугарија за првпат беа обединети на изложба во Археолошкиот музеј во Скопје во 2019 година. Според предвидената динамика, по изложбата во Скопје, предметите треба да бидат изложени и во Бугарија и во Србија.
– Меѓународната изложба е уникатна по наодите кои ни го претставуваат животот покрај Охриското Езеро од 6 до 4 век пред нашата ера. Во поставката се и прочуените златни маски кои се чуваат во Белград, Софија и една во Охрид, и кои за прв пат на оваа изложба се изложуваат заедно – велат од Министерството за култура.
Во подготовката на изложбта се вклучени стручните тимови од Археолошки музеј во Скопје и Заводот и музеј од Охрид, Националниот археолошки институт со музеј во Софија, Бугарија и Народниот музеј на Србија во Белград каде што се чуваат вредните артефакти од некрополата.
Огромен интерес кај домашната и меѓународната јавност предизвика поставката „100 години Требенеште“ која во Скопје беше отворена 6 месеци, а во Софија ќе биде реализирана како „105 години од Требенеште“.
– Со оваа изложба продолжува соработката помеѓу трите земји за заокружување на ексклузивната приказна за Требениште кое е прв и можеби единствен пример на локалитет што е истражуван од три земји, промовиран преку три музеи, од Скопје, Белград и Софија – велат од ресорното Министерство.