Златен медал за Георги Николоски од Прилеп на меѓународен натпревар по природни науки во Њујорк

Георги Николоски, ученик во трета година во гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп освои прво место во категоријата природни науки на NEO Science Olympiad, натпревар што во јуни се одржа во Њујорк. Георги се натпреваруваше во областите на физика, хемија и биологија и беше единствен учесник од Македонија. На настанот годинава учествуваа повеќе од 550 натпреварувачи од 41 држава од целиот свет.

Георги е ученик посветен особено на природните науки.

– Чест ми е што ја имав шансата да ја претставувам нашата гимназија, нашиот град  Прилеп и, пред сè, нашата држава Македонија во светски рамки. Посебна благодарност за остварување на оваа цел до моите родители кои во континуитет несебично ме подржуваат како и роднини, пријатели, професорките по хемија – Ружа Ангелеска, физика – Ивана Кедиоска, биологија – Софија Крстеска и класната раководителка – Евгенија Нешкоска… како и големо благодарам на општествено- одговорните компании што ме поддржаа во овој подвиг и докажаа дека се сериозни во идејата развојот на нашето општество – рече Николоски.

Сподели