Златен медал за Aна Котевска на Интернационалната oлимпијада по германски јазик

Златен медал освои Aна Котевска на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „ИДО 2024“ што се одржа минатата недела во Гетинген, Германија. Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“ е апсолутна победничка во категоријата на натпреварувачи на Б2 Ниво. Првото место (јазични нива Б2,А2 и Б3) таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од Узбекистан.

На Интернационалната олимпијада по германски јазик, покрај Котевска учествуваше и Марија Стефановска, запишна во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Менторка на Котевска и е Кристина Клиафа-Трпеска, класна раководителка и професорка по германски јазик во „Јосип Броз-Тито“, а на патувањето во Германија ја придружуваше Габриела Темелкоска, претседателка на Здружението на германисти во Македонија.

Осум дена повеќе од 100 ученици од околу 60 земји се натпреваруваа за титулата најдобар ученик по германски јазик во светот. Победниците од националните прелиминарни рунди – на возраст од 14 до 17 години патуваа од целиот свет до финалето во Германија и се натпреваруваа во различни натпреварувачки дисциплини. Олимпијадата се реализираше во соработка со „Гете институт“.

Сподели