„Златен лав“ за Алмодовар за „Соседната соба“, Никол Кидман – најдобра актерка во Babygirl

Пет години откако го доби „Златниот лав“ за животно остварување за филм во Венеција во 2019 година, Педро Алмодовар доби уште една статуетка годинава, за филмот „Соседната соба“ (The Room Next Door). Наградата му беше врачена завчеравечер на затворањето на 81.издание.

Алмодовар веќе собра стоечки аплаузи уште на светската премиера на филмот во рамките на фестивалот, каде заедно со актерките Тилда Свинтон и Џилиен Мур го промовираше.

Свинтон игра новинарка што умира и посакува повторно да се поврзе со својата пријателка. Иако филмот е целосно на англиски, примајќи ја наградата, Алмодовар рече дека „духот на овој филм е шпански“. Алмодовар веќе освои „Златен лав“ за најдобро сценарио во 1988 година за филмот „Жени на работ на нервен слом“. „Соседната соба“ е прв филм снимен целосно на англиски јазик за шпанскиот режисер.

Наградата за најдобра актерка Volpi Cup ја доби Никол Кидман за Babygirl. Кидман не ја прими наградата лично, зашто мораше да ја напушти Венеција, по веста дека мајка и’ починала токму дента кога пристигна за наградата.

– Јас сум во шок и сега сум со моето семејство, но оваа награда е за неа. Таа ме оформи, ме водеше и ме создаде. Јас сум повеќе од благодарна, тшто можам да го кажам нејзиното име преку Хелена (ликот од филмот). Врската помеѓу уметноста и животот е срцекршечка и моето срце е скршено.

Наградата Volpi Cup за машка улога је доби Винсент Линдон за „Тивкиот син“ (The Quiet Son).

Гран при доби „Вермиљо“ во режија на Маруа Делперо, специјална награда од жирито доби „Април“ во режија на Деа Кулумбегашвили, а „Сребрен лав“ за најдобар режисер – Брејду Корбет за „Бруталистот“.

Сподели