Живко Грозданоски е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија

Писателот Живко Гроданоски е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Тој денеска беше избран на редовно изборно Собрание. Беа избрани и новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.

Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.

Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото.

Кандидати за претседател беа и: Весна Дамчевска-Илиевска, Мирче Нешовски и Југослав Петровски, а Јордан Ѓорчев вчера ја повлече својата кандидатура.

Сподели