„Зимски салон“ на ДЛУМ во Куманово

Во уметничката галерија во Куманово вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Зимски салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. „Интимност и интерконекција“ е насловот на биеналната изложба која ДЛУМ во февруари ја отвори во Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Уметницата Тања Балаќ доби Гран при за нејзиното дело дело/видео насловено како „Следна генерација“.

Делата ги селектираше Оксана Карповец, кураторка од Украина. Изложбата опфаќа 33 македонски автори со дела во различни медиуми и формати и тројца учесници гости од Украина на покана на кураторката Карповиц. „Зимскиот салон“ досега беше изложена во Штип, а по Куманово ќе биде отворена во Битола.

Сподели