Земја на филозофи

(Сатиричен текст)

Пишува: Даниел Ѓорѓевски

Филозофската наука се занимава со мислата на човекот, неговата мудрост, ја проучува големината на човековиот збор, но и големината на човековото лудило и глупост изразени преку збор. Често кога ќе го употребиме терминот филозоф помислуваме на современ човек кој изучувал академски студии по филозофија (или пак на мудрец од подалечното и поблиско минато), но тоа паѓа во вода ако се согледа македонското општество, со должна почит кон сите филозофи кои ја изучувале филозофската наука (овде не се мисли на нив).

Во македонското општество преовладува трендот на „филозофи“ на човековата глупост и лудост. Тоа е нов правец во филозофијата кој се измисли кај нас по што може да се пофалиме дека теоријата за архетипството на Јунг несвесно се потврдува кај нас.

Ако се запрашувате каде се промовира филозофијата на човековата глупост? Одговорот е многу едноставен: Медиумите во сите можни форми: пишани, електронски, ТВ- аудиториум.

Најдобар емпириски показател се т.н политички анализи каде најмногу доаѓа до израз новоизмислената (сатирична) гранка во философијата. Таквите политички анализи ги следиме на бројни ТВ-дебати, сајбермедиуми, социјални медиуми каде се решаваат голем број теории на заговор, се даваат решенија за надминување светски кризи, се развиваат теории за глобални проблеми, притоа, кога станува збор за матичната држава, глупоста оди до таа граница што константно соговорниците се на отстрел едни со други, но никогаш не е дадено рационално решение.

Според согледаното, можеме да констатираме дека македонското општество би било плодно земјиште за големи умови како: Талес, Сократ, Платон, Тома Аквински, Емануел Кант и други кои би ја развивале теоријата на човековата глупост.

Додека не се пронајдат големи умови како филозофите на вековите пред нас, ние и натаму ќе бидеме плодно поле за натпревари на човековата глупост.

Ставовите на колумнистите се лични и редакцијата на Умно.мк не секогаш се согласува со нив.

Фото: Pixabay

 

Сподели