Здружението на џез музичарите по шести пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот на 30 април. Овојпат избраа локација на отворено, на платото пред Филхармонијата, каде што од 14 часот, па сè до доцните вечерни часови, публиката ќе може да ужива во настапите на неколкумина џез артисти. Ќе настапат: Џоле Грујовски – Resonance, Џон Илија Апелгрен & Гордан Спасовски, SS Project, Off Ground Ensemble, Сашо Поповски, CuckooRack aka Bopers и Тони Китановски.
– Музиката има моќ да не обедини сите и по повод Меѓународниот ден на џезот, да се собереме и заедно да уживаме во џезот славејќи ги неговите принципи и слободата на изразување – велат од ЗЏМ.