Завршна изложба на ликовното студио „Арс вивенди“

Во галеријата „Ко-Ра“ во Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена завршната групна изложба на ликовното студио „Арс вивенди“. Свои дела ќе изложат членови од различна возраст кои творат под менторство на ликовниот уметник и педагог Тони Шулајковски.

Делата на изложбата се работени во повеќе техники: акварел, темпера, акрил на платно, цртеж и дигитален цртеж.

Сподели