Завршна изложба во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“

Во просториите на средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена завршната изложба. Учениците од прва до четврта година ќе се претстават со свои слики, скулптури, графики, ентериерни решенија, цртежи, керамики, но и видеа, фотографии и дигитални принтови.

На изложбата ќе бидат додоелени и наградите за првенци на генарацијата, италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри ќе додели благодарници на учениците кои учествуваа во проектот Canova Art Station, реализиран со поддршка на Италијанската амасада, по повод 200 години од упокојувањето на големиот Антонио Канова.

Сподели