Заврши конзервацијата на црквата „Св. Богородица Болничка“ во Охрид

Завршија конзерваторско-реставраторските работи во црквата „Св. Богородица Болничка“ од 14 век во стариот дел на Охрид. Со конзервација биле опфатени ранливи делови нападнати од влага на источниот и северниот ѕид која влијаела на основите на живописот. Раководител на проектот е м-р Никола Патчев.

– Последните интервенции врз фрескосликарството биле во 1959-69 година. На јужниот ѕид од наосот беа обновени старите конзерваторски малтери, додека на источната и северната фасада беа обновени старите и дотраени фуги од кои навлегуваше дождовна вода. Со помошници од МПЦ беше исчистен и целиот покрив од мов, лисја и вегетација – велат од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид.

Проектот е во рамките на годишната програма на Заводот и музеј.

Фото: Завод и музеј Охрид

Сподели