Под слоганот „Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!“ „Скала магазин“ ја претставува првата групна изложбена поставка на авторски дела во повеќе медиуми од визуелните уметности, на тема „Патерн: Визуелни размисли за стереотипите“, вечерва во 20 часот во КСП „Центар – Јадро“ во Скопје.

„Скала магазин“ е платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддршка на културните настани и сцена.

На конкурсот пристигнаа 77 дела (медиуми: сликарство, фотографија, графика, скулптура), од 32 автори. Селекторите во состав: Дејан Џолев, главен уредник на Скала магазин, Андреј Павлов, уредник на дизајн, Влатко Ристов, арт-директор, New Moment-New idea Company, одлучија на групната изложбена поставка да земат учество следните автори: Ана Андонова, Ана Трајковска, Андреј Игњатовски, Благица Здравковска, Давор Кешќец, Дамјан Ристевски, Дарко Трајковски, Дејвид Стоилковски, Елена Банчотовска, Калина Трајановска, Марко Вилиќ, Андреј Павлов, Марија Пејоска.

Проектот е поддржан од Democracy Lab и Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со КСП „Центар – Јадро“.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.