Конзерватори од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола во мај ќе продолжат со заштита на црквата „Св. Ѓорѓи во Курбиново, споменик на културата од 12 век. За таа намена годинава се издвоени 14 милиони денари од редовната програма за заштита и од програмата за добра во опасност на Министерството за култура.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера ја посети црквата која преклани беше прогласена за културно наследство од исклучително значење.

 

Таа го посети и Сарајот на Ахмед Нијази-бег во Ресен во кој е сместен Домот на културата „Драги Тозија во Ресен. За втората фаза од реконструкцијата на објектот, Министерството обезбеди 2 милиона денари.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.