Загина најбрзиот маратонец во светот – Келвин Киптум

Кенискиот атлетичар, 24-годишниот Келвин Киптум, актуелен светски рекордер во маратон, загина вчера во сообраќајна несреќа, објавија светските медиуми. Покрај него животот го загуби и неговиот тренер Гарве Хакизамана од Руанда, а во возилото се наоѓала и жена по име Шарон Косгеи, која во тешка состојба е пренесена во најблиската болница. Страотната сообраќајна несреќа се случила на патот Елдорет – Капсабет, Кенија.

Киптум беше атлетска суперѕвезда – единствениот човек што истрча маратон за помалку од два часа и една минута. Рекордот го постави на маратонот во Чикаго (2:00:35 часа) во октомври минатата година. За да биде потажно, на 14 февруари, Киптум се подготвуваше да стане првиот човек што ќе го заврши маратонот за помалку од два часа.

Тој требаше да настапи со репрезентацијата на Кенија на Олимписките игри во Париз.

Светот на атлетиката денес жали по Киптум.

Фото: Јутјуб-принтскрин-Индипендент

Сподели